Заев: Имаме успешен попис од 99 отсто

by fokus

Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја, којашто добила повеќе гласови на кој било изборен циклус отколку на референдумот пред 3 години, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Гевгелија.

-На 30-ти септември – пред три години, на Денот на референдумот, на патот кон добрата иднина, 610.000 граѓани, незапаметена бројност на излезени граѓани, на некое изборно изјаснување досега, достоинствено излегоа на гласање и заокружија ЗА – за Договорот од Преспа, ЗА – за НАТО, ЗА – за ЕУ.  На 30-ти септември, денес, по три години, Република Северна Македонија, целиот наш народ, сите граѓани, секој од нас, секој вас, сите – имаме голем заеднички успех! После 20 години, имаме успешен попис – рече Заев.

Тој посочи дека на тукушто завршениот попис попишани се преку 99 отсто од граѓаните, односно, како што истакна, еден милион 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици.

Поврзани новости