Мицкоски пак најави нова влада после изборите

by fokus

Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе 4 години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница. Тој и во оваа прилика повтори дека Зоран Заев ќе биде поразен на изборите, а потоа, како што рече, следи нова влада и одговорност.

-Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат – рече Мицкоски.

Македонија, додаде тој, е најкриминалната држава со најкорумпирани политичари.

-За 30 години независна држава најдоби се во крадење и лажење. Народот никогаш не живеел полошо. Минатата година литар зејтин беше 67 денари, оваа година литар зејтин е 97 денари. Млекото беше 45 денари, оваа година е 55 денари. Лани килограм брашно беше 34 денари сега е 40 денари. И дали народот живее подобро? Не, народот никогаш не бил посиромашен – истакна Мицкоски.

Поврзани новости