Имаме цврсти аргументи, зошто оваа власт нема легитимитет повеќе самостојно да организира избори. СДСМ како одговорна партија има обврска да ја врати слободата и демократијата во Македонија, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Едвард Ауер, директор на Директоратот на ЕУ за Западен Балкан на „Бихаќка“.
Опозициската партија информира дека тема на разговорот била актуелната политичка криза во Македонија и дека дипломатот од ЕУ се интересирал за шансите за дијалог меѓу власта и опозицијата.
„Заев го пренесе ставот на партијата и на членството за неучество во Парламентот и ја објасни потребата на државата за отворање на 5-те теми што ги предлага СДСМ како излез од ситуацијата по нерегуларните двојни избори“, се вели во партиското соопштение.