1.1K
Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 вели дека имаат решение со Бугарија кое, како што вели, e прифатливо и за двете страни.
-Сакам да верувам, не можам да потврдам но сакам да верувам дека и овој пат не добивме зелено светло затоа што немаат парламент и немаат политичка Влада, заради тоа што знам што разговарав во Бугарија и знам дека се адресирани грижите на Бугарија и нема друго решение освен да оставиме времето да покаже дека искрено сакаме да градиме пријателство со нашиот источен сосед Бугарија – посочи Заев.