Рикер: Историјата не можеме да ја промениме

by fokus

Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека мора да стартуваат преговорите за Северна Македонија со Европската унија затоа што земјава и географски и политички е дел од Европа.

– Пред една година, ЕУ потврди дека Северна Македонија и Албанија треба да почнат преговори за членство. Тоа се уште е нивен став, но очигледно има препрека за што ние сме многу разочарани и таа мора да биде надмината. Имам целосна доверба дека ќе биде, бидејќи Северна Македонија е европска земја, рече Рикер.

Оцени дека земјава е на вистинската патека и оти треба да се фокусира на реформите додавајќи дека САД останува нејзин сојузник. Додаде дека регионот е полн со историја, но оти најважно е да се користи историјата за да се формира иднинатата.

– Она што го научивме од историјата е дека не можеме да ја промениме историјата, може да ја промениме иднината. Но, исто така не можеме да ја промениме и географијата. Сакаме да го видиме овој дел од Европа уште посилен, попросперитет и побезбеден. Јас сум уверен дека тоа така и ќе биде, рече Рикер.

Поврзани новости