Заев: Имам ист флуид во замислите и со пратеници на ВМРО

by Фокус

Би бил поспокоен заради релаксираноста на одлучувањето и дебатата во парламентот, ако мнозинството порасне повеќе од 62 пратеници, но не сум буквално преокупиран со тоа, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат.

-Еден дел од разговорите течат меѓу пратениците внатре. Тие се колеги, го поминуваат денот заедно и разговараат за овие прашања. Разговараме со Демократска партија на Турците, разговараме со Бошњаците, со другите… Не форсирам ништо. Ако има природна спојка заради визија, заради концепт, заради програмски определби, тогаш можеме да градиме соработка. Јас и со неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме ист флуид во замислите. Исто размислуваме. Посебно во времето пред кое е исправена Македонија – пред членство во НАТО, пред датум за преговори со ЕУ. Сите знаеме дека мора да работиме за тоа. И со опозицијата која е наш опонент, мора да имаме соработки за важните прашања и за Македонија – рече Заев.

Тој додаде дека отворени и се и вратите на ДПА доколку, според него, партијата го поддржува главниот концепт преточен преку реформите, економското унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и за главните стртатегиски цели – ЕУ и НАТО.

 

Поврзани новости