Кирацовски: Имаме стабилно мнозинство, но отворени сме за сите партии

by Фокус 14:00
14:00

Во овој момент, СДСМ има слободно и стабилно парламентарно мнозинство не заради СДСМ туку заради тоа што демократијата е развиена во Република Македонија и затоа што мнозинството од пратениците ценат дека интересот на граѓаните и државата е пред се, изјави генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски.

-Ние оставаме слободно кон секој пратеник во Собранието на Република Македонија да се однесува онака како што сака и според сопственото политичко убедување. Ние сме демократска власт, ние не ги шиканираме и не ги присилуваме независно од која политичка провиниенција и партија доаѓаат, да гласаат во оној момент кога се гласа онака како што тие реално ценат и сметаат дека треба да гласаат – рече Кирацовски, додавајќи дека СДСМ е отворен за сите политички субјекти и од власта и од опозицијата.

Тој истакна дека очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ после Нова Годинда да се вратат во собранието и да престанат со деструктивното однесување.

Поврзани новости