Преку социјалните мрежи честитка по повод денешниот празник, 2 Август – Илинден, упати и премиерот Зоран Заев.
Тој порача дека Илинден е постојан процес во духот на сите народи кои живеат во земјава и се борат за подобро утре.
„Во Пелинце, во Крушево и на сите други историски места, се сеќаваме на жртвата на илинденските востаници, на хероите на НОБ, на актерите на независноста и ги чествуваме историските случувања преку двата Илиндена во 1903 и 1944, коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.
Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина.
Нека е вечен споменот на двата Илиндена! Нека е честит и вековит Денот на Републиката! Да живее Република Северна Македонија!“, напиша Заев.