Заев: Или влада без Груевски или ќе одбиеме преговори

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, а тема беше вчера утврдената рамка за преговори и избори во април. Заев постигнатиот договор под покровителство на еврокомесарот Хан го оцени како добра стартна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници.

-Во документот е прецизно наведена обврската за Влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10-ти јуни во Брисел е да се договори профилот на таа Влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на влада во којашто нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија, изјави претседателот на СДСМ.

Заев рече дека доколку не се договори влада без Груевски, СДСМ ќе одбие отпочнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување.

 

Поврзани новости