Заев: Идната година празникот да го прославиме во вистински слободна Македонија

by Фокус 17:38
17:38

-Повторно да си ја вратиме, почитувани пријатели, и демократијата и слободата во нашата земја! Имаме режим, хибриден режим, којшто е наметнат во нашата земја и тој мора да заврши. Па идната година на 8-ми септември во вистинска слобода да го дочекаме празникот на независноста на нашата земја, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното празнично обраќање во месноста Три круши.

Тој посочи дека до јануари Груевски треба да си даде оставка, но претходно треба да се формира преодната влада чија цел е да се вратат демократските институции.

- Advertisements -

-Покрај преодната Влада ќе го дочекаме и денот околу Нова Година, Груевски да даде оставка, да замине и никогаш повеќе да не се врати. Но дотогаш почитувани сограѓани, треба да ја видиме независна Македонската радио-телевизија, треба Агенцијата за аудиовизуелни услуги да биде навистина коректив на медиумите со национални концесии и приватна сопственост, рече Заев.

 

Поврзани новости