463
Пратеникот од редовите на владејачката СДСМ, Мухамед Зекири јавно порача дека, без разлика на сите уцени кои доаѓаат, алудирајќи на условувањата на БЕСА на Биљал Касами, Македонија ќе успее во намерата да влезе во европското семејство.
„Без разлика на се, без разлика на уцени или желбите на деструктивните сили ќе успееме заедно со нашиот лидер Зоран Заев. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.