Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески и со останати претставници на комората.
На средбата било заклучено дека двигател на домашната економија треба да бидат домашните фирми силно поддржани од државата којашто треба да обезбеди добра бизнис клима за напредок на домашната економија.
-Значи суштината е да се зголеми степенот на одговорноста бизнисот да биде во врвот на приоритетите. Да продолжат капиталните инвестиции, да се подобри состојбата во правосудството, да се изедначат домашните со странските компании, да се даде ветар во едрата на компаниите и на таков начин да постигнеме раст кој што може да не прави конкурентни, компетитивни на другите пазари затоа што ние сме мала земја и без тоа не можеме да одиме напред, изјави Бранко Азески.
Претседателот на СДСМ Заев истакна дека приоритет во Планот за живот се токму домашните претпријатија и развојот на домашната економија.