842
-Имам прилично валидни инфомрации дека сè уште ме прислушуваат, рече претседателот на опзициската СДСМ во вечерашната „Нова дебата“ на Нова ТВ, која преку стрим се емитуваше на каналот Јутјуб. Граѓаните му поставуваа прашања на Заев преку социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, а тој ги одговараше во живо.
– За мене се уште постојат посебни истражни мерки , еве, и пасошот ми е земен. Но, тоа не значи дека луѓето не треба да ми се јавуваат – заклучи Заев.
На прашањето од каде му се овие информации дека сè уште го прислушуваат, кусо одговори дека има свои извори.