Кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Тамара Михајловска која има главна улога во еден од предизборните спотови на партијата. денеска на прес конференција рече дека откако излегло видеото од спотот таа се соочувала со организиран напад против нејзе, зад кој, како што тврди, стои СДСМ.
-Сексизмот, навредите и говорот на омраза организирани од СДСМ, упатени кон мене го покажува понижувачкиот однос на Зоран Заев и СДСМ кон жените и женските права. Веднаш откако излезе видеото, во кое се појавувам јас, СДСМ излезе со организиран напад против мене како жена, со крајно вулгарен и недоличен речник, сакајќи да ме дискридитираат. Нападите кон жена се израз на немоќ и страв од пораз на хибридниот режим. Сликата која е полна со сексизам, говор на омраза и навреди, за жал е одраз на власта во заминување. Понижувачкиот однос кон жената е срамно дело на Зоран Заев и навреда за сите жени во државата, рече Михајловска.