Заев и Мицотакис ќе се сретнат во четврток во Солун

by fokus

Премиерите на Грција и на Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 209”, која ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2019 во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, а освен со Заев, учеството на Самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

Поврзани новости