Францускиот амбасадор во Белград контра САД: Не е грешка блокадата за проширување, постојат услови за влез во ЕУ

by Фокус

Франција нема резерви кога станува збор за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но тоа е процес кој подразбира одредени услови кои мораат да бидат исполнети, изјави францускиот амбасадор во Белград, Жан Луј Фалкони, во интервју на ТВ Н1.

– Северна Македонија и Албанија исклучително се трудеа, особено со потпишувањето на Преспанскиот договор. Но, прашањето за проширување, е конкретна определба за реформи, особено тоа беше барање за Северна Македонија, реформата на СЈО, реформата на правосудството во Албанија. Беа поставени одредени услови и тие услови не беа исполнети – рече Луј Фалкони.

Тој додаде дека некои партнери во ЕУ сметале дека и покрај се требало да се отворат преговорите, но, како што рече, претседателот на Франција Емануел Макрон сакал да задржи една кохерентна позиција.

-Тоа значи дека постојат услови за влез во ЕУ, кои важат и за Србија (и останатите) и тие услови мораат да бидат исполнети. Тука нема остапки, бидејќи остапките имаат врска со моделот за придружба. Потребно е земјите да ги спроведат потребните реформи. Етапите мораат да бидат испочитувани. Ако од самиот почеток тргнеме да „мрдаме“ околу условите, ќе имаме лизгав процес – порача францускиот амбасадор во Белград.

Во однос на изјавата на Метју Палмер дека Франција направила историска грешка, тој истакна дека станува збор за погрешна оценка, бидејќи, според него, историјата треба да се гледа на подолг рок.

Поврзани новости