727
Премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, во германската амбасада во Скопје, заедно ги следат известувањата од денешните парламентарни избори во Германија.
Инаку, и левичарската СПД и десничарските ЦДУ/ЦСУ прогласија победа откако излегоа првите излезни анкети од денешното гласање на парламентарните избори, на кои по 16 години не се кандидира досегашната канцеларка Ангела Меркел.
Според првите прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) имаат освоено по 25 отсто од гласовите, а на трето место се Зелените со освоени 15 отсто.