710
Разговорите Заев – Мицкоски кои траат веќе три часа засега се без резултат. Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за законот за јавно обвинителство, за чие усвоување е непоходно да гласаат две-третини од пратениците.
Според информациите на Телма, засега нема суштински напредок во преговорите и разликите меѓу двете страни остануваат силно изразени.
Единствено што досега се согласиле двете страни е констатацијата дека СЈО е завршена работа и мртва институција.