Двајцата лидри на двете најголеми партии попладнево се согласиле за сите отворени прашања кои со години не можеа да ги договорат. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев иако со месеци тврдеше дека нема да попушти и дека пописот ќе се одржи на 1 април сепак на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се договорија да го одложат пописот за во септември. Заев рече дека нема да му „падне капата“ дека се одложи пописот и покажал доблест, а главниот мотив на Мицкоски било зачувување на здравјето на граѓаните.
-Не сакавме да политизираме, да се занимаваме со политиканство туку дека ни е важно спасувањето што е можно повеќе човечки животи во пандемијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба со Заев.
Покажавме доблест и големина, посочи Заев и изрази уверување дека вака со градење консензус меѓу власта и опозицијата само уште повеќе и подобро ќе им служат на граѓаните и државата.
Договориvме, нагласи Заев и одблокирање на Собранието, што е особено важно за граѓаните.
-Законите, како што се Клиничкиот центар, продолжување на рокот за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки со 100 милиони од Европската инвестициска банка со кредитите за малите и средни претпријатија, АВМУ и МРТВ, што се заглавени повеќе од година и пол во парламентот, Законот за државјанствата на, кои ќе присуствуваат координаторите на сите пратенички групи. Законите поврзани со пензионирање со 64 години, законите од екологијата и сите други закони. Секако и поддршка понатаму за сите други закони кои што се во нашата Европска агенда и помош за населението и стопанството, изјави Заев.
Прифативме, посочи Заев, уште утре да влезе Изборниот законик со отисок со прст којшто е договорен помеѓу поголемите политички партии да влезе во процедура.
– Со самиот Изборен законик презедовме обврска веднаш да продолжат работни групи и да разговараат за унапредување на Изборниот законик, пред се вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во самиот Изборен законик, но исто така да се даде можност да се разговара за претстојните локални избори, а тоа е барањето на владејачките партии за отворени листи на локалните избори за советници, како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник во прв изборен круг со 30 проценти поддршка на кандидат од вкупниот број на гласачи во самата општина, но и за редовните парламентарни избори каде што би ги разговарале нашите барања и пред се барањата на помалите политички партии – тоа е за една изборна единици, а од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ да се разгледа можноста нашата дијаспора покрај гласањето во ДКП-та да може да гласа и во други гласачки места каде што има поголем број наше население, појасни Заев.