Нови 303 случаи на Ковид-19, 41 починат – најмладиот имал 22 години

by fokus

Во последните 24 часа регистрирани се нови 303 случаи на Ковид-19. Има вкупно 1169 оздравени пациенти, а починаа 41 лице, соопшти денеска Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Направени се вкупно 1.405 тестирања, а од вкупниот број нови случаи, во Скопје се 195, Прилеп 28, Куманово 17, Гостивар 14, Тетово 8, Кавадарци 7, Велес, Штип и Неготино по 6, Струга и Кичево по 3, Струмица и Гевгелија по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип по 1 лице.

Регистрирани се 1169 оздравени пациенти, и тоа од Скопје 532, Прилеп 78, Кавадарци 63, Куманово 58, Неготино 47, Велес 44, Гостивар 42, Штип 36, Тетово и Битола по 34, Кочани 22, Гевгелија 21, Крива Паланка 19, Делчево и Берово по 14, Струмица 13, Свети Николе, Валандово и Богданци по 11, Ресен 9, Дебар 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод по 7, Крушево и Демир Хисар по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево по 4, Кратово и Дојран по 2, Охрид 1.

Пријавени се вкупно 41 починато лице и тоа 16 лица од Скопје (34г, 41г, 50г, 60г, 64г, 65г, три лица на 67г., 69г, 70г, 71г, 72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г, 66г, 70г, 74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Според податоците на Министерството, досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.

Поврзани новости