Новоизбраниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и се уште актуелен премиер Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, дознава Фокус.
Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на министерствата и други институции на централно ниво.
Како што е познато, Ковачевски победи на завчерашните непосредни внатрепартиски избори во СДСМ, по што, како што објавивме, до крајот на неделата се очекува Заев да му ја предаде функцијата, а набргу потоа треба да се случи и примопредавање на премиерската функција.
В.С.