Договорот што го постигнаа премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Биљал Касами се однесува на државјанството и дијаспората, соопштија од владината прес-служба.
„Државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно. Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани. Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните“, соопштија од владата.
Од таму додаваа дека сите други предложени амандмани на БЕСА ќе бидат повлечени затоа што правно-формално не е можно да се реализираат сега, но, порачуваат од таму, остануваат посветени во идно време да работат на нивно решавање.