Владата и осумте пратеници на ВМРО потврдија дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставните амандмани

by Фокус

Со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку двотретринско мнозинство во Парламентот, стои во заедничкото соопштение што го испратија од владата и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Претходно, од владата и од БЕСА предводена од Биљал Касами соопштија дека постигнале договор преку амандман на уставниот закон да се дефинира државјанството за Албанците на албански јазик.

Поврзани новости