Премиерот Зоран Заев заедно со амбасадорот на Кралство Холандија Дирк Јан Коп ќе учествуваат на НАТО караванот и дебата со студенти од УКИМ на тема „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“.
Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идејата е и преку настанот да се рекапитулира целиот процес на интеграција во НАТО, давајќи посебен акцент на предизвиците и препреките кои се надминаа во текот на целиот интегративен процес.
Истовремено настанот ќе им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.