Заев и ги предаде прислушуваните разговори на Јанева

by Фокус

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Специјалното јавно обвнителство ги предаде материјалите кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Тој изјави дека причината поради која дури сега ги предава е што добил информација оти во обвинителство предводено од Катица Јанева конечно се создадени услови за безбедно чување на материјалите.

– Снимките ги предадов на целосно независна институција и очекувам правилна истрага – рече Заев, додавајќи дека ги предал сите снимки што ги поседува.

Поврзани новости