ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ќе формираат Анкетна комисија за фалсификуваните лични карти

by Фокус 17:44
17:44

Собранието денеска ја прифати иницијативата за формирање на Анкетна комисија за аферата со фалсификуваните лични карти или „Фабрика за фалсификување на лични карти, пасоши и други документи“. Оваа иницијатива е поддржана и поднесена од 62 пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

-Од јавноста дознавме, а од официјалните соопштенија од Јавното обхвинителство добивме потврда дека на едно место се пронајдени списоци со 120 илјади украдени идентитети на граѓани, огромен број на фалсификувани лични карти, огромен број фалсификувани пасоши, не само од Република Македонија, туку и од Бугарија и Турција, што на овој скандал му дава и меѓународен карактер, рече Илија Димовски образложувајќи ја иницијативата.

- Advertisements -

Опозицијата бараше  оваа Предлог – одлука да биде симната од дневен ред, бидејќи, како што рече Петре Шилегов,  прашањето што се предлага како содржина за работа на комисијата е веќе опфатено со веќе формираната Анкетна комисија врз основа на договорот од Пржино.

Поврзани новости