Заев и Филипче ги пречекаа вакцините од Грција

by Fokus

Венко Филипче, а потоа и Зоран Заев ги пречекаа вакцините донација од Грција. Станува збор за 20 илјади дози на вакцината Астра Зенека.

Филипче замина на аеродромот, додека во истиот момент премиерот Заев се враќаше од Брисел, па му се приклучи на министерот.

-Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19., напиша Филипче на својот „Фејсбук“.

Поврзани новости