Костадинов: На ВМРО-ДПМНЕ им издишаа протестите

by Fokus

Нашата таковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО, вели Костадин Костадинов од СДСМ.

„Во Брисел се одржа прв Самит на НАТО на којшто Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја-членка. На иста маса со најсилните, рамо до рамо со нашите сојузници со кои делиме исти вредности, посветени на колективната безбедност. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.

Обезбедена е нашата безбедност и стабилност и подобрена е безбедноста и стабилноста на целиот регион. Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани,  ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста. Откако им издишаа протестите и блокадите цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади.

Таквата деструкција и немање ориентација во простор и време, ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси. Наместо да го поздрават државниот успех, наместо да честитаат за членството во НАТО и одржувањето на првиот Самит како рамноправни партнери, шират невистини за лажно загрозување на идентитетот. ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт, и кога е опозиција.

Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно делување, буквално во секој поглед. Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет да се издигне над мрачното наследство кое им го остави Груевски. Тоа го покажа и снимката и зборовите на Жугиќ.

Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со ,,велелепни лустери, црвени теписи и махагони’’, нема аир од нив ни кога станува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница.

Впрочем граѓаните тоа шест пати по ред јасно им го ставија на знаење, но тие не се откажуваат од своите деструкции и заштита на криминалот и корупцијата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане опозиција, зачаурена во Белата палата“, додава тој.

Поврзани новости