По денешната посета на Бугарија, премиерот Зоран Заев со неговиот колега Бојко Борисов, се поклонија пред споменикот на Цар Самоил во Бугарија, а на Илинден истото ќе го сторат кога Борисов ќе ја посети Македонија.
Тие изразија подготвеност за заедничка соработка и градење на добрососедски односи како и поддршка за интеграција на Македонија во европското семејство.
На средбата беше договорено во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје ќе се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.
“Денес Македонија го затвора поглавјето на национализмот и отвора ново поглавје на европска иднина. Нам ни е потребна помош, а Бугарија тоа може да го направи”, изјави денес Заев во Софија.