Министерката Царовска се сретна со претставници на Граѓанската иницијатива „5 до 12“

by fokus

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа работна средба со Граѓанската иницијатива 5 до 12, со цел одблиску да се запознае со барањата на преставниците на здруженијата за поддршка на лицата со попреченост, кои и за денеска најавија дека ќе кампуваат пред Владата.

Средбата беше продуктивна и од неа излегоа конкретни предлози. Дел од нив можат веднаш да бидат имплементирани, а некои ќе бидат преточени во законски измени подоцна, бидејќи претходно треба да се направат анализи на буџетските импликации.

На состанокот е договорено да биде формирана работна група од претставници на МТСП, на неформалната коалиција “5до 12“, на членови на Ресурсен центар, Советот на Национални организации, претставник на Координативното тело за изедначување на правата на лицата со попреченост, Хелсиншкиот Комитет, а како мониторинг на целиот процес ќе биде повикан и Народниот правобранител.

Поврзани новости