Заев и Ахмети неделавата ќе се сретнат за „метлата“, промени се очекуваат во транспорт, правда, образование

by Фокус

Очекувам во текот на неделата да се сретнат лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, и да разговараат за претстојните кадровски промени, најави министерот за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши.

-Преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите. Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати – рече Бектеши.

Според телевизијата Алсат М, министерствата каде се очекува да има промени во рамки на операцијата „метла“ што ја најави премиерот Заев меѓу двата круга од претседателските избори се транспорт и врски, екологија, правда и образование, кои моментално се предводени од министрите Горан Сугаревски, Садула Дураку, Рената Дескоска – Треневска и Арбер Адеми.

Поврзани новости