Двајца градежни работници повредени на патишта во изградба

by fokus

Двајца градежни работници се повредени на патиштата што се во изградба во источниот регион на земјата.

Надлежните од СВР-Штип информираат дека вчера околу 15.00 часот било пријавено дека при извршување на редовни работни активности на автопатот во изградба Штип-Миладиновци, во селото Кадрифаково, 23-годишниот работник Ш.И. од тетовското село Вејце се здобило со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Истиот ден околу 9.30 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено  дека кај нив со повреди бил донесен 47-годишниот А.Б. од село Новоселани, општина Чешиново–Облешево.

Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди приработа на изграба на патот Пробиштип–Крупиште.

 

Поврзани новости