Заев и Ахмети на средба со Талат Џафери

by fokus

Во Собранието премиерот Заев и лидерот на ДУИ, Ахмети дојдоа на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери во насока на координација за делувањето на Собранието и на мандатно имунитетната комисија која треба да расправа за одземање на имунитетите на 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и колациијата на никола Груевски, за коишто судот бара да им се одземе имунитетот и да може да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за организиран криминал и корипција за притвор, објави телевизија 24.

Пратениците се сомничат за тероризам и дејства против државното уредување на крвавиот четврток. Информациите од кабинетот на Џафери беа дека е извесно дека нема да се одржи комисијата токму во таа насока и затоа е овој доцен попладневен состанок.

Поврзани новости