509
Премиерот Никола Груевски уживал од динамиката на уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев додека ги најавува телефонските разговори од Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
– Груевски донел конечна одлука „Космос“ да се урне за време на летни одмори. Во текот на рушењето, прво не е задоволен од спроведувањето на планот. Потоа, го покажува вистинското одмазничко лице и во разговорот со Јанакиевски покажува уживање од динамиката на рушење на објектот – изјави меѓудругото Заев.