Заев: Груевски учествувал во „патриотски“ пазарења со ДУИ за хашките случаи

by Фокус

Премиерот Никола Груевски, за да ја спаси кожата и да остане на власт, учествувал во пазарења со ДУИ за хашките случаи, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавувајќи ја 18-тата „бомба“ за власта.

– Ќе симнеме уште една маска на Груевски, на големиот патриот Груевски, каков политички измамник и манипулатор е тој. За да остане на власт, ниту го интересираат националните интереси во кои се крсти, ниту законите, ниту неговите соработници – министри и пратеници, кои, без око да му трепне, ги фрла во оган, во коалициски пазарења за да ја обезбеди премиерската фотеља. Лично учествувал во пазарења со Али Ахмети оваа правно неизводлива процедура на амнестија да ја натовари на пратениците и на министирте-пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи новата влада тогаш се уште не е формирана – истакна Заев.

Поврзани новости