Денеска започнува кампањата „Излези за ГТЦ“

by Фокус 11:52
11:52

Денеска започнува кампањата „Излези за ГТЦ!“ во паркот “Жена – Борец”. Оваа акција ја организира иницијативата #ГоСакамГТЦ а на овој прв собир ќе бидат повикани граѓаните на Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општина Центар.

На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya.

- Advertisements -

На 26-ти април, недела, граѓаните на Општина Центар ќе можат да се изјаснат “за” или “против” задржување на сегашниот изглед на Градскиот трговски центар. Референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста која треба да надминува 50 проценти за да биде референдумот успешен.

Затоа, #ГоСакамГТЦ повикува на масовност и сплотеност меѓу граѓаните за што поголем одзив.

Организаторите на социјалните мрежи повикуваат на утрешниот настан: “Дојдете да се информирате за претстојниот референдум и да дознаете како можете да помогнете во зачувувањето на автентичниот изглед на ГТЦ!”.

Поврзани новости