421
Премиерот Никола Груевски и министерката Гордана Јанкулоска, заедно со нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, му прават притисоци на директорот на воена болница да вработи луѓе кои ќе му кажат.
Според разговорите што ги објави Заев, директорот на болницата се жалел дека ако ги вработи луѓето што му се наложуваат, три одделение ќе му бидат дисфункционални.
Затоа, покажуваат разговорите, како компромисно решение се заговара прво да се вработат партиските луѓе, па потоа да му се даде согласност на директорот да ги вработи луѓето што сам ги бара.
– Директорите се пиони кои треба само да слушаат, ако не, како што вели Јанкулоска, ќе го бркаат па новиот директор ќе ги прими нивните луѓе – рече лидерот на СДСМ.