СДСМ: Министерката Јанкулоска вработувала во МВР, ама тие работеле за партијата

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот од партиското седиште ја објавува 20-та бомба, односно прислушувани телефонски разговори кои според него укажуваат на партизацијата на државата, односно поклопување на партијата со државата.

Заев објави разговори на високи владини претставници кои според него докажуваат дека сите вработувања се договараат преку општинските комитети, но под директен надзор лично на премиерот Никола Груесвски.

-Ќе слушнете како сите државни ресурски се ставени во службата на партијата, истакна Заев, најавувајќи ги телефонските разговори.

На една од снимките, според СДСМ, се слуша разговорот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер, со кој договараат неговиот шофер, кој всушност никогаш не го возел, да се вдоми во државната администерација. Министерката предлага да се вработи во МВР, во возниот парк, каде што наместо да му служи на министерството, ќе одработува за партијата.

На еден од разговорите министерката Јанкуловска договара и вработувања со премиерот Груевски, односно премиерот истакнува дека новите трииесетина вработувања во УЈП не треба да одат под надзор на директорот Горан Трајковски, туку под надзор на луѓе на премиерот.

-Секако дека предност ќе имаат нашите, ама кои наши точно треба да видиме, истакнува премиерот.

Поврзани новости