Лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека од аудио-снимките што ги поседува, премиерот Никола Груевски лично се испазарил за хашките случаи со амнестија. Тој наредува да се заштити, а целата процедура да биде префрлена на пратениците во Собранието и на законодавно-правната комисија.
Во првиот сет разговори, што ги објави Заев, се слуша телефонски разговор меѓу Груевски и пратеничката Силвана Бонева. Тие се договараат дека хашките случаи мора да се протнат набризна во Собрание и тоа се додека дојде до гласање на новата Влада. Според објавените снимки, Груевски инсистира тоа да се заврши за една недела и нагласува дека тоа е негов избор. Тој додава дека нивното мислење ќе биде, како што вели „на округло, па на ќоше“, а тиа во Собрание ќе мора да се соочат со понатамошните реакции.
Премиерот, исто така нагласува дека мора да побараат поддршка од нивните медиуми и да направат добра ПР-стратегија.