432
Премиерот Никола Груевски и неговиот братучед, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, злоупотребиле се за да се оддржат на власт, рече опозицискиот лидер Зоран Заев на денешната прес конференција, на која ја објавува петтата „бомба“ за власта.
– Груевски се обидува да се спаси со контрадикторни тези, празни фази и лажење на јавноста за некаква тајна опрема и странски служби. Се става во улога на полициски портпарол, очајно молеше јавноста да ги затвори очити и ушите за грозотиите од неговиот начин на владеење, да му веруваат дека тој не е нечовек, а неговите соработници не се нелуѓе. Сака да ја скрие суровоста и одмазничкото однесување кон сите што не размислуваат како него – рече Заев.