Заев: Груевски и Мијалков ја загрозиле стабилноста на Македонија

by Фокус

Премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков ја загрозиле безбедноста на Македонија, доведувајќи ја во прашање нејзината стабилност, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи на денешната 32 „бомба“.

– Мијалков се однесувал како да е каубоец на Дивиот Запад. Параполициски структури користеле калашникови и државно оружје, вежбаат и се обучуваат, хараат низ државата за целите на Груевски. Македонија е претворена во приватен пашалак – рече Заев.

Тој додаде дека во безбедносните служби има непресметливи луѓе кои, според него, се закана и за професионалницте во институциите, но и за сигурноста и спокојот на граѓаните.

– Разговорите покажуваат дека Урко командувал и со полицајци и со параполициски сили. Тој и неговите скршиле од ќотек 20 луѓе. Друг член од обезбедувањето на Груевски се занимавал со шверц на нафта. Тоа што бил Урко за Груевски, тоа бил Утка за Мијалков. Утка вперувал пиштол во глава за локалните избори во Струга, бидејќи грбот му го чувал Мијалков – посочи лидерот на СДСМ.

Поврзани новости