Граѓанскиот сектор да учествува на средбите на политичките лидери

by Фокус

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје повикува на следните лидерски средби, организирани за преговори за излез од политичката криза, покрај претставниците на меѓународната заедница, како набљудувачи да бидат вклучени двајца претставници на граѓанските организации и движења.

„Улогата на граѓаните е важна во осигурување дека потребните реформи за демократизација на општеството ќе бидат одржливи и долготрајни. Граѓаните се засегната страна во процесот на демократска трансформација и мора да бидат вклучени. Потсетуваме дека суверенитетот во Република Македонија произлегува и им припаѓа на граѓаните. Политичките партии кои во наредниот период ќе треба да ја градат Републиката и да спроведат длабоки реформи, мора да ја прифатат значајната улога која граѓаните, нивните движења и граѓанските организации ја имаат во истиот тој процес. Граѓанските организации можат да помогнат со совети и со набљудување на процесот на реформите кои што претстојат“, соопштија од ИДСЦС.

Поврзани новости