442
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на чело со премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, ја поклопиле цела држава, вработувајќи свои луѓе во полицијата, здравството, образованието, судството, обвинителството, синдикатите, управните и надзорните одбори, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавувајќи ја 2о-тата „бомба“, посветена на партиски вработувања во државните институции.
– Нема државен систем, се е партија, партиските кадри ги окупирале сите институции – рече Заев.
Тој додаде дека главен кадровик е министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која, според него, самата признава дека возникот парк на МВР е возен парк на ВМРО-ДПМНЕ.