Адвокатот Ване Андреев е еден од адвокатите кој мене ме застапуваше, тоа што го застапува сега градоначалникот на Ново Село, е негова одлука, тој си е приватен адвокат, рече премиерот, Зоран Заев, на пратеничко прашање од Влатко Ѓорчев, кој рече дека е брука тоа што неговиот адвокат го штител, како што рече, шверцерот од Ново Село.
Заев ја коментираше и висината на казната од година и шест месеци затвор, која судот му ја определи на Боро Стојчев, откако претходно обвинителството изврши преквалификација на кривичното дело, од криумчарење во непријавена стока.
-Казната затвор за вакво дело, за 35 илјади евра, е од шест месеци до три години. Шест месеци е судската пракса или условна казна. Градоначалникот на Ново Село е мој личен пријател, до него сум стоел во кампања. Секој што се огрешил треба да одговара. Одлуката не е стрелање, туку е затврска. Мора секој да одговара за пример, само така ќе ја намалиме корупцијата во државата. Да создаваме пријатна држава каде младите ќе ни остануваат во земјава. Ја разбирам и ја поддржувам твојата лична борба. Но да создадеме услови за тоа да го овозможиме – рече Заев.
Во врска со скандалот во Фондот за иновации, Заев ја поздрави одлуката да се повлечат компаниите на вицепремиерот, Кочо Анѓушев.
-Законски е тоа дозволено, но етнички не е затоа што се мисли дека има влијание врз ваквиот процес. Одлуката ја носеше комисија, еден член е бивши министер во бивша влада, Глигор Ташковиќ. Ниту јас немам увид во моите фирми и во фирмите на моите семејства, немам време за такво нешто. Службениците сами конкурираат. Јас сакам да ги следиме етичките кодекси, да бидеме трансапрентни, се е согласно законот. Но го исполнуваме етичкиот дел на однесување. Верувам дека извештаите за корупција ќе покажат унапредување во борбата против корупцијата до крајот на годината – додаде тој.