Ѓорчев му се закани на Адеми: Музејот на ВМРО е света работа, не го чепкајте затоа што ќе има последици

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, го предупреди министерот за култура, Асаф Адеми, да не го чепка Музејот на ВМРО, откако беше најавено дека музејот ќе се преименува така што од неговото име ќе се отстрани дека е посветен на жртвите од комунизмот.

Ѓорчев му се закани на министерот дека ќе има последици и одговорност доколку го чепне музејот, кој, рече, е света работа за македонскиот народ.

-Носите посебна одговорност за Музејот на ВМРО и жртвите од комунистичкиот режим. Господине Асаф Адеми, не допирајте го она што е важно и свето за македонскиот народ. Апелирам до вас, вие сте Албанец, не правте нешто што е важно за нас, што ни е од татковци дедовци. Не се затскривајте зад Комисијата. Ако се направи штета ве обрзуваме дека ќе има одговорност, ќе има надомест на штета, конфискација на имот, ќе има одговоснот. Не допирајте до интеретничките односи. Музејот е света работа за илјадници семејства, за цел еден народ. Моето прашање е дали имате намера да го чепнете Музејот на македонската револуционерна борба. Градете свое, почитувајте го своето, но не го чепкајте она што е туѓо – ми рече Ѓорчев на министерот за култура.

Поврзани новости