Заев го враќа човекот чија кариера заврши со политички договор за „Тенковски делови“, реагира Мицкоски

by fokus

Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите, пишува на Фејсбук профилот опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски по одлуката на Владата да го именува поранешниот премиер, Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

– Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители. Луѓето со “лепливи прсти”, едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање. Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот.

Поврзани новости