Заев го советуваат тројца кабинетски советници, Груевски го советувале 86 луѓе

by fokus

Премиерот Зоран Заев го советуваат само тројца кабинетски советници, додека Никола Груевски го советувале дури 86 луѓе.

Оваа информација денеска ја изнесе пред јавноста министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одговарајќи на обвинувањата на опозицијата дека новата Влада вработува голем број партиски луѓе.

Манчевски информираше и за бројот на вработени во новата Влада. За два месеца новата Влада вработила вкупно 96 лица, бројка која се однесува на сите институции. Една третина од нив или 32 се советници на министрите.

„На централно ниво од страна на Владата се ангажирани вкупно 26 лица. Во оваа бројка се вклучени советниците на премиерот, кабинетските службеници на министрите без ресор и лицата ангажирани за односи со јавност“, информира Манчевски.

Поврзани новости