-Заедно пишуваме историја! – порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред присутните граѓани на митингот во Арачиново, најавувајќи сигурна победа на изборите во недела.
-Ова големо присуствуво овде покажува дека заедно испишуваме историја. Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња, затоа што сме единствени сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија. Сиромаштијата хара насекаде и тука во Арачиново и мое Муртино во Струмица. Младите ни се иселуваат. Исто боли солзата и на мајката Македонка и на мајката Албанка. Ова единство ќе го донесе животот подеднакво за сите. – порача Заев.
Тој упати порака до Груевски и власта дека федерализација нема да има но дека конфискација ќе има.
Измислуваат федерализација и кантонизација- лажат, ќе има конфискација, се што ви украдоа се ќе ви вратат. Очите на целиот свет се вперени во Македонија. Ќе видат на 11 декември дека е можно заедно да сме здружени и сплотени и победничка Македонија да испрати порака за соживот и живот – рече Заев.