Заев го презентира акцискиот план против корупцијата: Ќе ги демонтираме режимските остатоци во системот!

by fokus

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски во моментот го презентираат акцискиот план за борба против корупцијата.

Премиерот Заев истакна дека направиле јасни механизми за соработка меѓу институциите во борбата против корупцијата.

-Сериозно ги земавме во предвид забелешките од Транспаренси и ги вградивме во овој план. Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата, поради што ги охрабрувам граѓаните и медиумите во откривање на коруптивните делувања, истакна Заев.

Тој рече дека со овој план ќе се расчистува корупцијата и во Владата, но и ќе се дорасчистува со остатоците од режимот.

-Тогашното режимско владеење ги трошеше парите на граѓаните за партијата. Тие ја всадија корупцијата во системот. Тоа го правеле смислено, намерно, злонамернио. Дојдено е време да ги демонтираме режимските остатоци. Против ваквите злодела на претходната власт се водат судски постапки и продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци во системот. Правдата е тука, ете ја, секој ден по рочиштата, во судниците. Повеќе нема недопирливи, истакна Заев.

Поврзани новости