659
Овде нема минимум хумани услови за издржување на казна, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната посета на затворот Идризово заедно со народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Уранија Пировска
Заев изрази разочарување од условите во затворот и рече дека го поддржува законот за амнестија.
-Срам ми е што сум премиер на држава со ваков затвор. Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и собраниска процедура. Во „Идризово“ се 1.800 затвореници, а капацитетот е за 800 луѓе – изјави тој.
Фото: ТВ21